По настапот на Охридско лето, холивудската ѕвезда Џон Малкович беше во Скопје, во една позната винарија. Дека Малкович пие македонско вино и ги радува домашните актери, што е тука до нив, откри и Тони Михајловски. На фотката и е Александра, сопругата на Тони.
„Холивуд е во градов“, вели Тони за фотографијата со Малкович.
Американскиот и светски познат актер, Џон Малкович настапи во главната улога на претставата „Пеколна комедија: Исповеди на серискиот убиец“, која е спој меѓу класичната музика и оперските форми, со драматуршкиот пристап. Влезниците се продаваа по 3.000 денари, а Античкиот театар се исполни целосно.