Пејачката Симона Поповска го прослави 2. роденден на нејзини син, Никола со Мики Маус. Темата на роденденската забава била со ликовите на Дизни.
Балони, маскоти со Мини и Мики Маус, како и целата дружина на Мики во картонска верзија во позадина додека нејзиниот син позира за фотографирање.
„Веќе две години?- Времето навистина лета. Се израдувавме кога го прославивме роденденот на нашиот малечок со неговиот омилен лик, Мики Маус. Ви благодариме на целото наше семејство и пријатели кои го направија овој ден дополнително посебен“, напиша Симона.
Пејачката и нејзините синови, Никола и Стефан биле облечени со дуксери и фармерки на кои како апликации го има тематскиот лик на Мики Маус.
Пејачката и нејзиниот сопруг, Кристијан Сињори се венчаа 2018 година.Пејачката во 2021 година го доби првиот син Никола, додека вториот Стефан го роди во 2022 година. Симона, по професија е доктор-дерматолог, а на музичката сцена беше активна пред да стапи во брак. Таа долго време настапуваше со диџеј Ерик Фокс, под името „Саунд месинџерс“.