Црвен кармин ѝ за внукот: Фатиме на гости кај Нора

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е на гости кај Нора Шаќири-Марковиќ, со која не само што се најдобри пријателки туку, како велат двете, тие се сестри.

Нора објави неколку фотографии од Ијан и тетка му Фатиме. Поранешната специјална обвинителка е во летно опуштено издание. Црвен кармин и црвен лак на ноктите и за внукот – тоа е препознатливиот имиџ на Фатиме и во судницата, но она што најмногу се забележува е новата кратка фризура на обвинителката.

„Пресреќна сум што внук ми е здрав. Тежи 3.800 и е вистински фраер“, ни изјави Фетаи за „Репортер“ дента кога се породи Нора.

Фатиме и Нора се многу блиски. Двете дами за себе велат дека се како сестри. Тие често излегуваа заедно во диско, објавуваа слики на социјалните мрежи од нивните дружења, а Фатиме е честа гостинка во домот кај Нора и Марко.

Scroll to Top