Со црвено вино по бадникови гранчиња

Сопственикот на „Радио Бубамара“ Ранко Петровиќ, тв-водителката Ирена Спировска и неколку нивни пријатели се качија на Водно за да наберат бадникови гранчиња. Дружбата на Водно пријателите ја прославија со малку црвено вино и ја овековечија со заедничка фотографија.

Бадниковите гранчиња се сметаат за симбол на среќа и се ставаат на бадниковата трпеза за бериќет. Во некои домови на крајот на вечерта се горат, па колку е посилен огнот, толку повеќе среќа и пари ќе имаат домаќините.

Scroll to Top