Уапсен пејачот Александар Тарабунов: Ме туркаа во комбе ко најголем криминалец

Македонскиот поп- пејач Александар Тарабунов се пожали дека го уапсила полиција во Битола. Вели, апсењето било како како да е најголем криминалец. Тој вчера имал настап во еден битолски локал, каде му дошле фановите , а на неговиот профил имаше многу објави од атмосферата таму. Кон крајот на вечерта вели дек бил уапсен.

„Вчеравечер правеа рација во сите локали низ Битола. Проверуваа сертификати, и некој други работи. Јас пеев, кога влетаа. Имаше специјалци со калашникови и не беше пријатно. Јас бев уапсен каде што настапував, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот не’ држеа до 8 сабајле“, ни рече тој во разговор за Репортер. 

На прашањето дали тој имал сертификат за примена  вакцина, не добивме одговор.

А.Георгиев

 

Scroll to Top