Македонската пејачка Валери Димовска потврди дека е дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“. Таа за српските медиуми откри дека продукцијата ја исфрлила од натпреварувањето бидејќи не се појавила на снимањето на емисијата од здравствени причини.
„Бев болна кога се снимаа емисиите од третиот круг и поради тоа сум дисквалификувана. Не можев да се појавам на снимањето. Но догодина ќе се пријавам пак“, рекла Валери.
Пејачката беше во тимот на Ѓорѓе Давид. Таа на нејзиното последно појавување во шоуто доби шест гласа и директно влезе во третиот круг, но нејзиниот настап ги скара Босанац и Вики Миљковиќ. Тогаш Босанац, иако ѝ даде глас, рече дека лошо ја испеала песната од Едита Арадиновиќ, „Слободно ме рани“ и дека не заслужила да оди понатаму со сите гласови, туку дека треба да пее во баражот.
На страната на Валери застана Вики, која рече: „Да беше твој или кандидат на Марија, немаше така да зборуваш. Бараш влакно во јајцето“.