Вардар слетуваат во 18.50 , чартерот од 39.500 евра го плати Град Скопје

Ракометарите на Вардар треба да слетаат после 18 часот на Скопскиот аеродром. Веста за пристигнувањето за „Репоретр“ ни ја потврди хрватскиот ракометар Игор Карачиќ.  Предходно летот со кој требаше да  пристигнат беше откажан , но не беше објаснето зошто.

Ракометарите на Вардар попладнево во 18.50 часот ќе слетаа во Скопје. Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.

На страницата на скопскиот аеродром предходно само беше објавено дека летот од Келн во 16.15 часот, со кој треба да пристигнат европските шампиони е откажан.

Веќе на големо се органзира голем дочек на европските шампиони, со тргнување од салата „Јане Сандански“ , до Скопскиот Аеродром и на градскиот плоштад.

,,По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје. Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50.Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.Спортот обединува.Се гледаме вечерва на градскиот плоштад ,,Македонија”, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

 Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари.

 

 

Scroll to Top