Фотографија стара повеќе од 10 години на која се голманот Борко Ристовски, заедно со ракометарите Данило Брестовац и Зоран Петковски осамна на социјалните мрежи.
На фотографијата тројцата држат пехар кога на времето освоиле Куп на Македонија со „Вардар“.
„Времињата проаѓаат, работите се мануваат. Важно е да не заборавите од каде сте дошле и да не ги заборавите луѓето од кои сте научиле многу работи“, стои напишано под фотографијата.
Денес Борко Ристовски е голман на репрезентацијата на Македонија и игра за Барселона, Зоран Петковски е селектор на машката младинска репрезентација на Македонија, а Данило Брестовац е тренер на „Ред бојс“ од Луксембург.