Васил Гарванлиев: „Мојата улица“ ја пеев во живо додека го снимавме спотот

Васил Гарванлиев го промовираше спотот за неговата нова песна, баладата „Мојата улица“. Песната и видеото се снимени во ноември, а се инспирирани од животот на македонскиот музичар. Васил сам ја компонираше музиката, а текстот го напиша Игор Џамбазов. Пијаното го свири Давор Јордановски. Видеото, снимено во старата касарна во Струмица, го режираше Ѓорги Вацев.

„Спотот е снимен во еден кадар, што беше многу тешко за снимање бидејќи сè мораше да биде искоординирано до последна секунда. Интересно е и тоа што јас пеев во живо, па освен што се снимаше спотот, се снимаше и мојот вокал. Причината зошто се одлучивме на таков ризик е д а ја доловиме голата и искрена емоција на пораката. Ова досега не е направено кај нас, и затоа сум посебно горд на целиот проект“, рече за „Репортер“ Васил.

За потсетување, Гарванлиев требаше да ја претставува Македонија на годинашниот Евросонг, со песната You. Тој сепак ќе настапи во евровизиското шоуто што ќе се одржи на 16 мај, денот кога требаше да биде финалето на музичкото натпреварување.

А. Јовановска

Scroll to Top