Васил Гарванлиев наместо на Евросонг во изолација: Готвам со мама

Васил Гарванлиев, пејачот што требаше да ја претставува Македонија на Евросонг во Ротердам, сега кога не се спрема за музичкото шоу, на забавен начин го минува времето во изолација. Ни раскажа дека деновиве е во Струмица. Па освен што повремено носи намирници на неколку сограѓани на кои им треба помош, Васил се дружи со неговата мајка. „Готвам со мама. Конечно сме сами и толку долго заедно“, вели тој за „Репортер“.

Но, Васил ни откри и што друго прави додека e во изолација.

„Веќе четири дена по ред во 18 часот сум на танц на инстаграм-лајв со Рајан Хефингтон. Се закачувам на неговото стори и одиме сите, играме како луди. Вчера на лајвот имаше околу 8.000 луѓе. Вежбам и јога со Јутјуб вежбите на Тим Сенеси. Следам корона бројки како луд на ‘Ворлдометер’. Пишувам музика, играм, вежбам. Си се слушам. Медитирам. Дишам.

Моја препорака за сите: сфатете го ова како знак да се заљубите пак во самиоте себеси. Не се сеќавам кога последен пат имав толку многу време за себе, без некој или нешто да ми смета од страна. Сакајте се самите себеси. А на семејството дома, или со кого и да сте во изолација, жажете им дека ги сакате.  А кога ќе заврши ова – сите ќе имаме најлуда журка заедно“, рече Васил.

А. Jовановска

Scroll to Top