Васил Хаџиманов јавно им се закани на сите што обајвија дека татко му Зафир починал по вакцинирањето

Пејачот и актер Зафир Хаџиманов почина минатиот викенд, па неговиот син Васил јавно реагира на коментарите што ги прочитал на социјалните мрежи за смртта на татко му. Тој вели дека прочитал многу невкусни коментари за вакцината против коронавирусот и дека е лут што луѓето се обиделе да докажат дека вакцината е неефикасна иако татко му ја примил само првата доза. Васил пишува и дека Зафир со години имал срцеви проблеми, па не можел да се избори со коронавирусот со само една доза од вакцината.

„На сите болни луѓе, кои овде оставаат срамни коментари, им порачувам дека мојот татко умре од последиците на Ковид-19. Како тежок срцев болен, не можеше да ги издржи последиците на вирусот. Се вакцинира еднаш, а кога вие би знаеле нешто подалеку од вашиот газ, ќе знаете и дека тоа не е доволно за заштита од овој страшен вирус. Ако видам уште еден сличен коментар тука или каде било, лично ќе се погрижам да ве најдам и да ве научам како да се однесувате и што да не пишувате на ѕидот на еден покојник. Засрамете се,“ напиша Васил.

За потсетување, легендарниот музичар и актер Зафир Хаџиманов почина на 77 години од Ковид-19. По неговата смрт, синот Васил, познат џез-музичар, напиша:

„Големото срце на мојот татко Зафир не успеа да победи во битката со оваа грозна болест. Зад себе остави вистинско богатство, од песните што така мајсторски лесно ги пееше, преку своите многубројни и разновидни композиции, книгите поезија и проза, па сè до ненадминливите улоги во театарот и на филм“.

Од корона почина легендарниот музичар Зафир Хаџиманов

Scroll to Top