Васил Хаџиманов: Ќе го испратиме татко ми како што тој би сакал, со песна и насмевка

Синот на починатиот пејач Зафир Хаџиманов, Васил, денеска на „Фејсбук“ објави дека погребот на неговиот татко ќе се случи во среда на 7 април, на Новите гробишта во Белград.

Тој напиша дека урната ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани, а по пандемијата, ќе направат достојно испраќање какво што Зафир заслужува.

„Кога ќе помине оваа грозна пандемија, ќе направиме испраќање, какво што доликува и какво што Зафир заслужи. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Токму така како што тој би сакал и како што живееше целиот свој живот“, напиша Васил и се заблагодари за поддршката и разбирањето.

За потсетување, Васил неодамна јавно им се закани на сите што објавија дека татко му починал по вакцинирањето. Тој изјави дека прочитал многу невкусни коментари за вакцината против коронавирусот и дека е лут што луѓето се обиделе да докажат дека вакцината е неефикасна иако татко му ја примил само првата доза

Од корона почина легендарниот музичар Зафир Хаџиманов

Scroll to Top