Весна бара скопска улица да го носи името на Горан Стефановски

Македонската глумица Весна Петрушевска од Град Скопје побара една улица во главниот град да се преименува и да го добие името на неодамна починатот писател и драматург Горан Стефановски. „Сакам улица која ќе го носи името на нашиот Горан Стефановски“, напиша глумицата на својот фејсбук-профил.

Весна по веста за смртта на Стефановски, во емотивна порака го нарече нејзин професор и пријател, човек со брилијантен ум кој оставил непроценливо богатство за идните генерации.

„Најголемиот драмски писател за мене Горан Стефановски, си замина во вечноста. Последен пат го видов на пешачки и му викнав од кола: ‘Те сакааам!’ Каков ум и каков фраер драги мои. Да живееш во времето на Горан е вистинска привилегија. Какво богатство ни остави, непроценливо. Ќе недостасуваш најмногу. Стварно нема смисла“, напиша таа.

Горан Стефановски почина во Лондон по кратко боледување. Тој ќе биде кремиран, а пепелта, по негова желба, ќе биде расфрлена во Охридското Езеро.

Горан Стефановски ќе биде кремиран, неговата пепел ќе биде расфралана во Охридското Езеро

Scroll to Top