Познатиот шоумен и актер Игор Џамбазов денеска слави роденден. За 59 роденден тој е во Прилеп каде е водител на Пивофест. Пејачката Елена Петреска му направи роденденско изненадување. Таа му донесе торта и му ја испеа „Happy birthday to you“ заедно со водителот Ване Марковски.
Роденденска честитка доби и од Весна Бејби, која објави видео во кое вели: Тој е единствениот човек од кого добивам порака во инбокс во која пишува , бејби, уште ли не те уапсиле“.
View this post on Instagram
Неговата девојка алпинстката Илина Арсова со љубовни фотографии вели : „Денес е посебен ден. Среќен роденден на моето злато Игор“
View this post on Instagram
И Пере од Нокаут со фотографија од концерт на Игор 1999 година не заборави да му честита роденден. „Универзална сала. Лично моја фотографија во тоа време кога сеуште немаше искочено мобилни со камера. Бев дел од публиката и носев со мене еден мал сега веќе смешен Канон на развивање филмови. Игор Џамбазов, да си жив и здрав“, напиша пејачот.
View this post on Instagram