Актерката Јелена Јованова заедно со нејзината колешка Емра Куртишова, која ја игра Исаура, и актерот Талат објавија дел од новогодишната епизода на „Преспав“. Глумците пееја и танцуваа на новогодишниот хит на пејачката Теа Таировиќ „Ајде“.
„Ајде, ајде дур сме млади. Ноќва нека гори Балкан. Слушнете го најголемиот новогодишен хит и подгответе се за најлудата ноќ. 31.12 во 21 часот на МРТ1. Нек` гори Балкан“, порачаа од екипата на „Преспав“. Новогодишната епизода е на МРТ со почеток во 21 часот.