Македонскиот пејач Антонио Тасевски го преработи хитот „Тајно моја“ од Тоше Проески. Антонио преработката на големиот хит на Тоше, ја сними во Чикаго, каде во моментов се наоѓа.
Покрај него во проектот учествуваа и пијанистот Мурис Хубјер, гитаристот Ведран Томичиќ и Алекс Петковски на кавал. Велат дека времето го искористиле за да го подигнат расположението кај фановите додека се во каранитн.
„Се надеваме дека со нашиот настап и преку песната на Тоше, им го разубавивме расположението на многу наши фанови“, вели Антонио.