Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски по долга пауза објави нов сингл, наречен Reminder. Песната е прва соработка на Џајковски со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон и е комбинација на балкански-бит, глич-хоп и реге-влијанија. За песната Џајковски сними и спот.
Новата песна на познатиот композитор е во издание на „Филтер лејбл“, од каде што најавуваат уште неколку синглови на Џајковски во текот на следните месеци, а велат и дека ќе организираат и повеќе концерти на најпопуларниот македонски електронски артист.