(Видео) „Брас брадрс“ го најавија првиот албум со новата песна

„Брас брадрс“ имаат нова песна, Balkan Mayhem, со која го најавуваат својот прв албум. Песната е во драм енд бејс стил со балкански звук и одлично се вклопува во нивните настапи во живо, велат момците од бендот. Музиката е на Горан Мицевски Кус, а аранжманот го направија Ненад Тодоровски, Ристе Шандаров и Кус.

Новата песна на „Брас брадрс“ e достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници.

Scroll to Top