Tочно напладне во од Охриското езеро се огласија сирените од бродот „Армада“ од градското пристаниште, проследени со мелодијата на една од најтажните композиции од Тоше, „Игри без Граници“. Музиката на Тоше одекна и од охридската гимназија, пренесе Охрид Њус. Иницијативата за оддавање почит на Тоше на овој начин, втора година по ред е од Лајанс клубот „Лихнидос“.
Денес е 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески. Во Крушево од изутрина пристигнуваат негови фанови од земјава и од Хрватска, Бугарија и Русија. Пристигнаа и ултрамаронците кои тргнаа од Нова Градишка до Крушево. Дел од нив изразија желба ултрамаратонот да се вика „Маратон на љубовта“.