Премиерот Димитар Ковачевски на крајот од денешната прес конференцијата со неговиот бугарки колега Кирил Петков, од една од бугарските новинарки за подарок доби јаболко. Таа му го даде јаболкото и му посака успех во работата.
„Господине Ковачевски, дозволете да ви подарам здраво, бугарско, црвено јаболко, во знак на благодарност дека вие ќе го запазите единството меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече новинарката.
Бугарскиот премиер Кирил Петков се насмеа и рече: „Нашето убаво
јаболко“, а Ковачевски го праша дали може да го изеде сега или да чува за после.