ВИДЕО: ЧУДА НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ – Исус им се појавува на Муслиманите, кои потоа се преобратуваат во Христијани

Еден човек тврди дека еден момент подоцна, повторно се вратил во живот. Се покајал што го примил Исус, и станал негов ученик, па остатокот од животот го минал пренесувајќи ги Божјите зборови!

По смртта на Исус, дури и неговите ученици заборавија дека Исус изјавил дека ќе се врати меѓу живите! Нивната вера во тој момент беше слаба, беше човечка. Но, Исус го одржа својот збор и воскресна од мртвите. па им се појавил на оние кои го следеа во животот – тој ги потврди своите зборови, а апостолите сфатија колку се слаби кога се ослонуваат само на себе.

Но, што е со верата на христијаните денеска? Веруваме ли дека Христос, чие раѓање денеска го славиме, е жив или се препуштаме на стравовите од овој свет?

Веруваме ли дека Христос, токму во овој момент, стои зад секого од нас и чека да му го дадеме своето срце во кое тој сака да ни донесе милост и мир, или да се наслониме на стравовите и силите кои тоа не се?

Светот е во голем страв од тероризам, кој му се заканува во овој момент, на целиот христијански свет, известуваат сите медиуми на планетата, но, меѓутоа, тоа е одраз на неверата затоа што многумина забораваат дека Исус е жив, и дека е меѓу нас и дека само со доверба и вера, во него можеме да го победиме стравот и злото кое се прелева на планетава!

Тој живее и делува и денеска, но дали ги имаме отворено своите срца да ја приметиме неговата милост? Да донесеме само некои од неговите примери на делување во светот на стравот…

Муслиманите ги спасија христијаните

Минатата сабота во Кенија се случи терористички напад во автобус во кој напаѓачите пред „убивањето“ сакале да ги одвојат христијаните од муслиманите. Но, муслиманите во автобусот, не сакале да се одвојат од христијаните, и така им го спасиле животот. Според извештајот објавен во весниците во „Dailey Nation“, напаѓачите го сопреле автобусот и побарале од луѓето да се идентификуваат како муслимани и христијани.

Но, сите останале мирно да седат и молчат, иако им се заканиле дека сите ќе ги убијат. Никој не сакал да ги издаде христијаните во автобусот. Абди Мохамуд Абди, муслиман кој бил меѓу патниците, изјавил дека одбил да се декларира како муслиман, и дека на тој начин ги спасил животите на христијаните во автобусот.

„Напаѓачите се заканија дека ќе не убијат, но само останавме да седиме мирно и да ги заштитиме нашите браќа и сестри. Конечно, исламистите се откажаа и исчезнаа“, изјави Абди, а Kath.net пишува дека станува збор за чудо со оглед на тоа дека покољот на христијаните во Кенија, не престанува секојдневно, па заштитата на христијаните пред исламистите е големо ризикување на животот од страна на муслиманите, кои храбро застанале зад невините луѓе.

Исус им се обратил на Исламистите

Џихадист на ИСИС, неодамна преминал во христијанството, по што е оставен да умре во близина на источната граница на Сирија, каде го пронашле христијански мисионери, јавува Алепо Хералд, а пренесува conservativepost.com. Овој човек преживеал по конфликтот на ИСИС и сириската војска.

Иако не покажувал никакви знаци на живот, мисионерите од „Saint Dominican Catholic Presbytery of Ayyash“, сакаа да му овозможат на овој чвек христијански и достоинствен погреб, и „мртов“ го носеле дури 26 километри, по што за чудо го вратиле во живот. Мисионерите останаа во состојба на шок, затоа што верувале дека човекот е починат од здобиените повреди.

Свештеникот Херман Гросцхлин опиша што се случило: „Тој ми рече како го мачеле, па поради тоа и мислел, дека ако умре како маченик, дека ќе му се отвори „Vrata Dženeta“ (Вратата на Рајот). Сепак, како што почнал да се искачува кон светото Кралство, Рајот, се појавил еден демон и го однел до Огнената јама на Пеколот. Таму морал да ја доживее целата болка која им ја нанел на другите и секоја смрт која ја преживеал во текот на својот живот.

Дури и морал да го проживее секое обезглавување на главата на своите жртви со сопствени очи. Изјави дека тие слики ќе го прогонуваат до крајот на животот. А тогаш настапил Бог, кој му рекол дека неславно пропаднал како човечка душа и дека вратата на Рајот ќе му биде затворена доколку одлучи да умре. Но, ако одлучи да живее, Бог му рекол дека ќе му даде можност да се покае за своите гревови и дека остатокот од животот ќе го оди по Божјиот пат.

Човекот тврди дека момент подоцна се вратил во живот. Се покајал кога го примил Исус и станал Христов ученик, кој остатокот од животот ќе го мине ширејќи ги Божјите Зборови!

Исламистот сакал да ги убие Христовите ученици, но Исус, го повикал кај себе

Интересна приказна се појавила на ценетиот католички портал во Германија – kath.net. Еден исламист истражувал дали христијанската заедница во Аман во Јордан, има за цел да ги убива христијаните. Но, во ноќта кога поскаал да го изведе нападот, Исус му се појавил и му рекол:

„Тоа се моите деца“!

Преполн со страв, бомбашот утрото се разбудил и дотрчал до христијаните и им рекол: „Јас дојдов да ве убијам. Но, синоќа го сонив Исус и сега сакам да знам што вие учите. Сакам да знам кој е тој, кој вас толку ве штити. Кој е тој кој ми дојде на сон и ми пререче мене за тоа да ве убијам?“.

Реакцијата на христијаните на неговото пристигнување беше воодушевувачко. Со отворено срце говоревме за Христос, само неколку минути со нив, и ми испадна целата омраза, сите стравови, а добив и живот во Исус. Во меѓувреме овој поранешен џихадист, стана бегалец, односно останал со групата христијани кои во моментов бегаат од џихадистите.

Радикалниот муслиман го запозна вистинскиот Бог – Исус

Така беше и со радикалниот исламист, Фаисалом Малицко роден во Пакистан, кој е одгледан како лојален сунитски муслиман. Неговата приказна ја пренесе CBN.com. Неговата мрена падна од неговите очи во моментот кога Исус се завзеде за своите деца.

Малик сметал дека Исус е само еден од прородците, и дека Библијата е неточна, и дека обожавувањето на Исус е непростиво богохулие. Но, изненадувачката средба со живиот Бога, во целост го промени и му донесе откривање дека Исус е Божји Син. Бил деловен човек, но длабоко врзан со Исламот со дури 4 часа молитви дневно, кои ги прифатил на една конференција, на необврзувачки христијански состанок. На тие состаноци беше страшно вознемирен и гневен, а христијаните ги сметал за неверници кои се измамени од злото. Се исмејувал со нив и ги навредувал, се додека на еден собир не го допре живиот Бог.

Средбата со живиот Бог не е нешто што може да се игнорира затоа што таа милост го изгуби целото негово суштество. Тогаш уште гневен го праша Бог Сторителот

(Затоа што Исус сеуште не го признавал): „Зошто се појавуваш и очитуваш на ова несвето место каде луѓето го обожаваат Исус Синот Божји. Секој дел од неговото суштество знае дека Исус Христос е син Божји, а благодарение на неговото сведоштво и многу христијани го доживуваат како Бог, како Татко кој ги сака своите деца и не ги напушта, НИКОГАШ.

Ви го носиме видеото во кое поранешен муслимански терорист, чија работа била да пронаоѓа лаги во Библијата, на крајот се преобратил во христијанин.

 

Scroll to Top