Актерот и шоумен Игор Џамбазов конечно го промовираше спотот за песната „Жаклина“ кој го сними во мај. Тој тогаш најави дека го преработил познатиот фолк-хит на групата „Елита“ во џез-варијанта, а во песната додаде и своја строфа. Спотот го режираше Гоце Трајковски, а во улогата на Жаклина се појавува професорката од „Корчагин“ Татјана Алексиќ.
„Го завршивме спотот. Некогашниот огромен фолк-хит доби и своја џез-верзија во аранжман на Симеон Ангеловски. Благодарност до Кинотека на Македонија, каде што е сниман спотот,. Очекувајте ја наскоро ‘Жаклина’, освежена, подмладена, во ново руво, со нов лик. „Жаклина ривајвал“, напиша тогаш Џамбазов.
„Жаклина“ и денес важи за еден од најпопуларните фолк-песни кај нас. Снимена е 1991 година и беше прогласена за фолк-хит на годината. Песната и сега се пее на свадби и прослави, но и по кафеаните.