Драгана Костова го освои второто место во финалната вечер на „Некои нови клинци“. Драгана освои 9414 гласови, а на првото место заврши Вања со 12 671 глас.
Во последната вечер настапуваа 7 момчиња и 7 девојчиња кои се бореа за првото место. Меѓу нив беше и нашата Драгана Костова од Струмица. Драгана од претходно важеше за еден од фавортите.
Во текот на сите овие осум месеци, Драгана добиваше само пофални зборови од жирито. Таа синоќа успеа уште еднаш да се покаже во бласкаво светло.