Бендот Дупер ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да стане хит на летото. Станува збор за лесна и заразна песна која уште на првото слушање влегува под кожа.
Музиката, текстот и аранжманот се дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, тандемот кој и овојпат испорачува звук што е истовремено модерен и интимен, со мелодии што носат ведрина и текст што се памти од прва.
Видеото, кое веќе е достапно на YouTube, го режираше Трифун Ситниковски и носи визуелна игра која совршено го доловува духот на песната. Неочекувано, динамично и креативно, спотот додава нова димензија на песната без да ѝ го одземе вниманието. Напротив, го збогатува целосното искуство.
Дупер остануваат верни на својата музичка естетика, но и храбро експериментираат со звукот и формата. Со овој сингл, уште еднаш потсетуваат дека се бенд што не брка трендови, туку создава нови.