Олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски беше гостин во кабинетот на претседателот Стево Пендаровки. По средбата и кафе-муабет за успехот на Олимпијадата демонстрираше дел од својот репертоар. Видеото од двоен удар со нога го сподели Пендаровски на својата официјална фан-страница.
.
Дејан Георгиевски е олимписки вицешампион во теквондо во категоријата до 80 килограми. Тој освои сребро откако во финалето изгуби со 15:9 од Русинот Владислав Ларин, најдоброрангираниот натпреварувач на турнирот. Ова е првиот олимписки медал за Македонија по пауза од 21 година.