Фолк пејачата Елена Велевска ја промовираше својата нова песна “Македонијо мајко страдалнице” на Јутјуб каналот. Овој пат таа се реши за типична македонска фолк песна, без модерни звуци, по кој Елена е прознатлива.
„Колку и јас да сакам да изведувам модерна музика,никогаш не сум сакала во мојот репертоар да изостанат и оние песни кои се наш белег,песните со кои ние се идентификуваме.Така и настана идејата за две цедиња и прифатеноста кај публиката ме мотивираше да размислам и да почнам да работам на третото издание на кое полека се работи“, вели Елена, која зад себе има два албуми со македонски народни песни, “Ѓердан за душата” 1 и “Ѓердан за душата”2.
“Македонијо мајко страдалнице” е една од песните кои ќе се најдат на тоа цеде. Спотот го сработи со Даниел Јовевски. “Миалм дека и оваа песна ќе живее уште долго за нашите идни генерации. Со третото издание на “Ѓердан за душата”ќе се потрудам големите македонски изведувачи да продолжат да живеат преку песна“, ни изјави Елена.