(Видео) Елена Велевска со трите деца запеаја за роденденот: Фолк пејачката наполи 41 година

Фолк-пејачката Елена Велевска наполни 41 година, а роденденот го прослави со домашна торта и со нејзините три деца, Софија, Калија и Марко. Пејачката која претходните години правеше големи забави во ресторан, со многу пријатели, овој пат реши роденденот да го помине дома со најблиските.

„Среќниот човек е како сонце. Каде оди сѐ осветлува“, напиша Елена.

На сликата што ја објави на Инстаграм, таа доби многу роденденски честитки од фановите и пријателите, но и од колегите музичари. Сузана Гавазова, Владимир Четкар и Сања Лефкова ѝ посакаа уште долги години да е на естрадата.

Scroll to Top