(Видео) Елвир Мекиќ после повеќе од 𝟣𝟢 години повторно запеа и тоа во дует со Пајак, објавена „Негде после два“

По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се враќа и Елвир Мекиќ – популарниот хитмејкер од 2000-ти години и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак.

Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај нас и потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп- музика. И новата песна која е со модерен звук го има стариот вајб со примеси на ретро РНБ 2000-ти.

„Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кои имаат 15 години да не ме познаваат“, изјави Елвир.

Автор на музиката е Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, но интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир како: „Некаде после два“, „Армиија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др.. Аранжманот миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот е во режија на Гордан Божиновски – Урбан Рекордс продукција. Се снимаше на две локации, во Дајмонд мол, Гурман стрит и Лимак Хотел. Во спотот се појавуваат нашиот познат манекен и фитнес модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.

Елвир со сопругата и синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да се посвети и на музичката кариера.

Scroll to Top