(Видео) Ена, диа, триа, тесара, пенде… Јасос, Костас: Тања и Предраг со песна слават 26 години брак

Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски слават 26 години брак. Тања, која секоја година објавува откачени фотографии за годишнината, овој пат сподели видео на кое со Предраг пеат грчка песна. „Ена, ке диа, ке триа. Калиспера, Коста. Костас Микелакис, јасос“, се шегуваат тие.

Пријателите и обожавателите им ја честитаа годишнината. „Супер сте, љубовчиња“, „Цел живот да ви е со песна“, стои во коментарите.

Тања и Предраг се запознале во студентските денови, но во тој период и двајцата имале долги врски. Во 1994 година Тања почнала да работи во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци подоцна, таму дошол и Предраг, па почнала љубовта.

„Јас тогаш носев мини. Имав 50 килограми, па сè нешто ми паѓаше, демек, намерно. Ама Предраг, дојден од театарот во Суботица, ич не ме приметуваше. Викам, аман зошто не ме приметуваш? Тој вели: Па јас мислев имаш дечко шеик и те зема со кола со шест врати. А замисли, јас во тој период сама, со син, скарана со моите, ги чистев скалите на зградата и живеев под кирија за да заработам. И не се срамам ова да си го кажам“, раскажа неодамна Тања во интервју за „Репортер“ за љубовта со Предраг.

Двојката ја има ќерката Нела, која има 25 години и студира на Факултетот за драмски уметности. Од првиот брак со глумецот Владимир Ендровски – Љац, Тања го има синот Александар (30).

Тања Кочовска: Чистев скали за да преживеам како самохрана мајка

Scroll to Top