(Видео) „Фидбек“ има нова песна и спот

„Фидбек“  ја промовираа новата песна  „Далеку од тебе“, за која има и спот. Текстот, музиката и аранжманот се на Лазар и Магдалена Цветковски. Спотот го режираше Дарио Јанковиќ, а се снимаше на повеќе локации во Скопје и Демир Капија. Во него се појавува и Ана Мариа Јанковиќ, ќерката на режисерот.

„Песната е готова уште во времето кога започна пандемијата со коронавирусот, но си рековме дека можеби е подобро да почекаме за некои помирни времиња. Но, сфативме дека на луѓето добро ќе им дојде малку музика во овие денови на изолација и полициски час“, велат момците од бендот и додаваат дека имаат уште една готова песна, но ќе ја промовираат кога ќе заврши пандемијата со коронавирусот.

Scroll to Top