(Видео) Филип Пешевски промовира нов спот

Македонскиот пејач Филип Пешевски го промовираше спотот за песната „Ти ми стоиш најдобро“. Песната Филип ја промовираше пред новогодишните празници во познат скопски клуб, па на самата промоција се снимаше и дел од видеото. Интересно е што во песната Филип го придружува „Баги Биг Бенд“, составен од професионални музичари и диџеј Сењорита.

 

„Првпат некој прави песна во која свири и ‘Баги Биг Бендот’ и има диџеј. На песната работев една и пол година, а во неа се вклучени најдобрите музичари и продуценти од Македонија“, ни раскажа Филип.

Пешевски е автор на музиката, текстот го напиша Елвир Мекиќ, а аранжманот е на Никола Автовски.

Scroll to Top