Малкуте настапи и свирки што ги имаше фолк-пејачот Сашо Нојкиќ во изминатиот период го натераа да одмори од пеењето и да почне со друга работа. Тој објави видео и рече дека сега почнал да разнесува дрва. Секој што сака може да го ангажира, а 20 евра му е дневница.
„По изедени 20 ќебапи, спремен сум за работа. Инаку, 20 евра дневница е. Кој сака, може да ме најми за работа“, рече Нојиќ, кој е познат како Цаки Кисми.
Инаку, Цаки е познат фолк-пејачи кај нас, кој го нарекуваат кралот на кафеаните. Зад себе има многубројни хитови, а освен во Македонија, редовно настапува и кај дијаспората.