Геновева Качуркова е членка на еднa од најпопуларните женски групи во деведесеттите години, тројката „ПС“. Во групата членуваа и Анета Качуркова и Јулија Карамитрова–Огненовска. Девојките ги испеаја песните „Сон“ и „Сенка“, кои се хитови и денес.
Геновева подолго време не е активна кај нас, но создава музика за интернационалната електронска сцена. Пред неколку месеци таа го издаде макси-синглот насловен Chasing Lights, кој е поинаков од она што досега сме го слушнале од неа. Геновева најавува дека ѝ се враќа на музиката.