Членовите на групата „Мерак“ ги препеаја познатите македонски песни „Една песна“, „Мајка на Марика“, „Дојди ми Лено“, „Чудна жена“ и „Бисера“. Момците од бендот велат дека решиле да направат проект со кој сакале да ги оживеат старите македонски песни што биле хитови низ годините.
„На нашата публика сакавме да ѝ подариме стари македонски песни кои се вистински хитови. Ги препеавме и им дадовме нов, модерен звук. Како група во следниот период ќе работиме на уште две преработки што наскоро ќе ги промовираме“, вели Марио Стојановски од групата „Мерак“.
Во групата „Мерак“ членуваат Марио Стојановски на хармоника, на дувачки инструменти Стефан Стојановски, клавијатури вокал-диџеј е Бланка Тони, клавијатури и вокал е Даниел Максимов, на виолина свири Димитар Михајловски и на тапани Игор Николовски. Сите членови на групата се професионални музичари кои имаат долгогодишно музичко искуство и настапи низ државава.