Актерот и шоумен Игор Џамбазов инспириран од српскиот пејач Ѓорѓе Балашевиќ, сподели видео на „Инстаграм“ пеејќи ја песната од пред две децении „Кољо што го викат поп“.
Песната е преработка на Boza zvani pub, која во оригинал ја пее Балашевиќ, а беше хит во 90-те години. Во неа Игор пее за познатиот комарџија Кољо.
Шетајќи се низ плажите на Дојран, актерот пееше со дијалект, а ова му е втора рецитација на песна, која ја сподели на „Инстаграм“.
Претходно Џамбазов објави видео во кое ја испеа песната „Труба“, која ја направи со неговиот колега актерот Тони Михајловски.
„Екстра си“, „Капа доле мајсторе“, „Идол“, се само некои од коментарите кои Џамбазов ги доби од своите фанови.