(Видео) Името на Горан Пандев ечеше на стадионот во Џенова

Името на нашиот македонски фудбалски капитен Горан Пандев ечеше на стадионот во Џенова за време на мечот со фудбалскиот шампион Јувентус.

Пандев беше човекот на одлука откако со една асистенција и погодок го совлада големиот противник, а публиката му се заблагодари на начин кој не остана незабележан во границите на Италија, па и пошироко.

Цел стадион на чело со водителот кој го најави мечот, го извикуваше името на Пандев, славејќи ја победата на нивниот тим од 2:0.

„Вива гранде Пандев“, извикуваа фановите на Џенова.

(Видео) Горан Пандев блесна против Јувентус

Scroll to Top