Иванна Хаџиевска, шефицата на протоколот на премиерот Зоран Заев, е активист за поддршка на лицата со ретки болести. Таа и овој пат сними видео со кое влезе во кампањата за поддршка на децата и лицата со ретки болести.
„Родителите на овие деца се поголеми херои и од Супермен и Бетмен, можеби не сум лекот, но секогаш ја имате мојата поддрдршка“, рече Иванна Хаџиевска.
Таа додаде и дека лицата со ретки болести заслужуваат соодветен третман, и аплериша сите да се вклучат во ова „ и ние да бидеме делчето што и’ недостасува на сложувалката“, додаде таа.