(Видео) Кај Лила дома накитено со вкус

И водителката Лила Филиповска ја накити елката. Таа сподели видео од новогодишниот амбиент, но кажа дека овој пат малку подоцна ја украсила од други години, кога тоа го правела уште на почетокот на месецот.

„Оваа година со мало задоцнување, конечно ја накитив елката….тоа ми некаков ритуал во којшто уживам,  искрено имав мала помош од синот.  Дали вие ја накитивте вашата елка и што претставува тоа за вас…пишете ми во коментар и имајте убава зимска неделна вечер“, напиша Лила.

Во пресрет на празниците, јавните личности веќе почнаа секојдневно да објавуваат фотографии од празничната атмосфера во домовите .

 

Scroll to Top