Поп-дивата Калиопи има нова песна на српски, „Хајде да пјевамо“. Таа го напиша текстот, а нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил е автор на музиката.
„Декември е месец во кој испраќаме и примаме честитки со надобри желби. Јас наместо честитки ја подарувам песната ‘Хајде да пјевамо’ која ја слави љубовта, задоволството и среќата на живеењето. Посветена е на сите знајни и незнајни луѓе со желба да се свртат кон себе и околу себе, кон вистинските вредности и кон сето она кое ги прави среќни“, вели пејачката.
Калиопи веќе подолго време нема снимено песна на македонски јазик. Таа претходно ја промовираше песната „Пресуда“, исто така на српски јазик. Последниве години ја гради кариерата во регионот. Таа минатиот месец одржа концерт во „Сава центар“ во Белград, а пред тоа имаше концерти во Крагуевац, Ниш и во Јагодина.