(Видео) Каролина прв пат запеа по карантинот: „Македонско девојче“ со Медуњанин на Хераклеа

Босанската ѕвезда на севдахот Амира Медуњанин имаше  концерт во античкиот локалитет Хераклеа во Битола. Како изненадување на вечерта, на сцената се појави поп-ѕвезда  Каролина Гочева , па заедно на сцената и заедно ја изведоа „Македонско девојче“.


Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина.  Неодамна излезе и нејзиниот најнов студиски албум со наслов „For Him and for Her“ во издание на Кроација Рекордс, посветен на двете легенди на кафеанската музика Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кој за брзо време стана апсолутен хит на дигиталните платформи, а и во Охрид ѝ беше премиерно претставен пред публиката со неколку нумери.

Концертот го организираше „Авалон“ продукција.

Scroll to Top