(Видео) „Ќе ти дојдам“ на Спасен Силјаноски ечи на плажа во Хургада, а македонски туристи ја пеат на Тик ток предизвик

Македонската народна песна „Ќе и дојдам вечерва“ од фолк-пејачот Спасен Силјаноски е вистински хит секаде во светот.

На Тик ток се појави видео на кое момче прашува група млади туристи „Дали ќе може да ја отпеете песната која сите ја знаат во твојата земја?“. Туристите веднаш во хор почнуваат со рефренот „Ќе ти дојдам“, а на видеото се појавува испишан текст „Погодете ја земјата?“. Подолу во коментарите под видеото корисниците на Тик ток пишуваат дека тоа е Македонија.

@relentlessnick GUESS the Country! HINT: Birthplace of Alexander the Great… Follow @Your Nick #sing #song #streetinterviews #relentlessnick #macedonia #serbia #albania #bulgaria ♬ original sound – Relentless Nick

Песната на Спасен Силјаноски се слуша и на летувалиштата во Египет. Тој на социјалните мрежи сподели видео на кое пишува дека е во Хургада и дека на плажа ечи неговиот хит.

Песната стана хит преку социјалните мрежи иако е постара. Спасен за Репортер изјави дека е изненаден, но и среќен од големината на популарноста којашто ја постигнала песната „Ќе ти дојдам вечерва“ на Балканот.

„Мислам дека се почна спонтано на Тик ток со првото видео, коешто го снимија афроамериканци на таа песна. Потоа буквално почна да се шири како вирус. Јас до пред некој ден не ни знаев, бидејќи немам Тик ток, но моите деца ми покажаа видеа со мојата песна. Со тоа енормно се зголемија и прегледите и коментарите на видеото на мојот Јутјуб канал“, вели Спасен за Репортер.

Автор на песната е Спасен, во соработка со Златко Миладиновски и неговата мајка Јагода Силјаноска. Песната првпат е отпеана на „Лешочкиот фолк-фест“ пред 5 години.

Scroll to Top