Ќерката на поранешната водителка Мелита Ракичевиќ, Барбара, го сними и обајави вториот спот за песната „Доволно зрел“.
Композицијата, текстот, аранжманот и продукцијата се на Александар Тарабунов, додека на видеото работеше режисерот Зоран Зонде Стојановски, со кого таа веќе има соработувано.
Барбара првата песна „Посилно од сè“, ја објави минатата година. Таа и мајка ѝ во минатото на социјалните мрежи често споделуваа видеа на кои Барбара пее.
Уште тогаш пријателите ѝ коментираа дека мора да сними песна и дека пее преубаво. Пред да ја сними песната, Барбара кусо беше водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“
View this post on Instagram