Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не ретко се вози со велосипед низ Гевгелија додека нејзиното куче ја следи во чекор. Таа открива дека кога не е во Специјалното јавно обвинителство сака да биде сосема обична жена. Но, и дека не би било лошо кога би била градоначалник на Гевгелија или, пак, пратеник во собранието.
Јанева откри дека иако сака да остане истата личност од пред да биде позната, сепак, ѝ годи кога луѓето ја препознаваат на улица. „Сепак, луѓето се изненадени кога ќе ме видат како ги правам работите што сум ги правела и пред да станам позната“, вели специјалната јавна обвинителка. „Сакам да одам на пазар и да пазарам на тезгите како сите. Сакам низ Гевгелија да се возам со мојот велосипед, мојата омилена рекреација. Како и сите жени така и јас сакам да направам ручек, да пазарам во дуќани, парфимерии, да се прошетам. Ама мислам дека со тек на време и тоа ќе им стане нормално на луѓето“.
Катица во интервјуто „Трите“ ја отвори душата пред јавноста, па има кадри на кои е прикажана како го посетува гробот на својот починат сопруг.