Младата пејачка Лара Иванова објави нова песна и спот насловена како „Нека гори“. И таман песната се погоди со горештините на +40, но е нов летен хит на музичката сцена. Музиката е на Иван Иванов, а текстот го напиша Робин Зимбаков.
Лара Иванова веќе две години е дел од домашната музичка сцена. Таа изминатиот период достигна и слушаност на нејзината дует песна „Bella“ со македонски пејач „Пајак“ од 22 милиони прегледи на Јутјуб . Лара на годинешното издание на „Златна бубамара на популарноста“ ја освои наградата за „Најперспективен артист“.