Македонецот Филип Пецовски ги воодушеви и публиката и жирито во „Ѕвездите на Гранд“, па го вратија да пее на бис. 21-годишниот Филип од Скопје ги испеа баладата „Адио Аморе“ од Раста и „Волим осмех твој“ од Тоше. Од моментот кога излезе на сцената тој не престана да игра, па и публиката стана на нозе и заигра со него.
Жирито не можеше да види што се случува на сцената, туку ги слушаа и гледаа реакциите на дел од публиката. Му дадоа пет гласа „за“, најмногу од било кој кандидат досега, а потоа побараа Филип уште еднаш да ја испее песната од Тоше.
„Чиста енергија“, „Роден шоумен“, „Дете ти растураш“, „Можеби не пееш совршено, ама знаеш како треба во оваа работа“ се само дел од коментарите на шестчленото жири. Филип, пак, за свој ментор ја избра Јелена Карлеуша.
Настапот на Филип почнува на 1:06:10 минути.