(Видео) Марија Груевска во „Ѕвездите на Гранд“ пееше врзана во лудачка кошула

Учесничката во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска (23) од Битола повторно ги изненади сите во музичкото шоу, пеејќи ја песната „Денес сум луда“.

Таа цело време беше врзана во лудачка кошула на себе на кои беа закачени маски, идеја која ја добила од Венецијанскиот карневал, додека за песната и настапот инспирацијата ја добила од филмот „Кога јагнињата ќе ствинат“ за серискиот убиец Ханибал Лектор.

„Груевска, фасцинантен е начинот на кој размислувате. Да се ​​сетите на Ханибал Лектор и да го поврзете со „Денес сум луд“ е нешто навистина неверојатно“, рече еден од членовите во жирито Џорџе Давид. „Вие сте иднината на ‘Ѕвездите на Гранд’“, ја пофалил Мили нејзиниот ментор.

Во претходниот настап таа го импресионираше жирито настапувајќи со змија околу вратот, а во една од емисиите облече фустан сличен на оној кој Бијонсе со кој пејачката се појави на доделувањето на Греми наградите во 2017 година.

За секоја емисија, Марија има различен изглед. Таа претходно во шоуто настапи како вдoвица, па танчарка, потоа калуѓерка, cтpиптизета, па лyда тинејџерка.

По змијата околу врат, Марија Груевска пак смисли како да го импресионира жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Scroll to Top