(Видео) Марија Шерифовиќ ѝ се поклони на 16-годишна Македонка во „Гранд“

Марија Шерифовиќ ѝ се поклони на македонската натпреварувачка Драгана Костова (16) од Струмица во „Ѕвездите на Гранд“. Таа не криеше дека е воодушевена од нејзиното пеење. Драгана ги воодушеви и другите членови на жирито, кои на крајот ѝ дадоа шест гласа.

Македонската пејачка ги испеа „Круна“ од Невена Божовиќ и „Не смеевме“ од Јована Николиќ и Марија Шерифовиќ. Цело време додека Драгана пееше, Марија ја бодреше и ѝ даваше поддршка. А бидејќи доби шест гласа, според новите правила Драгана сама можеше да го избере својот ментор, па таа се одлучи за Шерифовиќ.

„Добре дојде во клубот“, ѝ рече Марија, која по настапот, стана и ѝ се поклони на Драгана.

Не е првпат Драгана да пее во „Гранд“. Таа претходно се натпреваруваше во шоуто „Некои нови клинци“ во 2018/19 година, што го организираше Гранд продукција и беше втора во финалето.

„Тебе оваа сцена ќе ти дојде како дневна соба, колку често пееше тука“, ѝ рече Саша Поповиќ.

Настапот на Драгана почнува на 23:03 минута.

Scroll to Top