(Видео) Маркијан на Ребека наполни 15 години, а пејачката со емотивна порака му го честиташе роденденот на синот

Синот на поп-пејачката Ребека, Маркијан, го прослави 15 роденден. Таа на Маркијан кој боледува од ретка болест туберозна склероза му посака да биде среќен и секогаш опкружен со добри луѓе. Пејачката објави и колаж од заеднички фотографии и видеа.

„Најголемата наша желба е да бидеш среќен и опкружен со добри луѓе. Нашата мисија се уште трае. Се молам за повеќе добрина во светот кој го врти погледот. Жалам за лошите политики, површните анализи, некомпетентните функции на нашите презафатени политичари и нивните грешни души. Среќен роденден батка, мангупски, љубовче и сонце наше. Те сакаме“, напиша таа.

Ребека во интервју за Репортер ни рече дека со Маркијан секој ден е нова приказна, искушение, одговорност.

„Јас веројатно сега се носам добро со сето тоа. Кога решив јавно да проговорам, значи сум завршила со моите проблеми и прифаќањето на фактот дека Маркијан е дете со посебни потреби. И ние имаме дома со Мики кризи, затоа што  состојбата на Маркијан е променлива. Нам секој ден ни е искушение, самата болест е таква“, рече Ребека. Освен Маркијан, Ребека има уште два сина, близнаците Доротеј и Макариј, кои имаат пет години.

Scroll to Top