(Видео) Миле Кузмановски со трите ќерки ја испеа „Не кани ме“

Фолк-пејачот Миле Кузмановски пред неколку дена на прослава во скопски ресторан ја испеа неговата легендарна песна „Не кани ме“. Друштво му правеа трите ќерки, близначките Ана и Јана и најмалата ќерка Ева. Видеото е објавено на „Фејсбук“.

Ана и Јана се ќерки на пејачот од бракот со првата сопруга Верче, која во 2012 година почина од рак. Во тоа време Кузмановски се откажа од музиката, но неколку години подоцна пак почна да пее. Тој ја изненади јавноста кога се ожени за Јасмина, шест години подоцна, па од тој брак ја има ќерката Ева. Пејачот не крие дека му било тешко по смртта на првата сопруга, но вели и дека близначките ја обожаваат својата помала сестра и дека сите одлично се сложуваат.

Scroll to Top