(Видео) Мјузиклот „Тајно моја“ објавен на Јутјуб

Мјузиклот „Тајно моја“, кој е правен според песните на Тоше Проески, конечно е објавен на Јутјуб. Видеото го сподели пејачката Антониа Гиговска, која ја имаше главната женска улога. Мјузиклот имаше премиера во 2017 година. Главната машка улога ја играше Денис Димоски, а глумеа и Сара Гигова, Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Арна Шијак, Дејан Лилиќ и многу други. Режисер на мјузиклот е актерот Тони Михајловски.

Популарниот мјузикл е направен во чест на починатата музичка ѕвезда, по повод 10 годишнината од неговата смрт. Приказната ја раскажува љубовната приказна на еден млад пар, на чија љубов се закануваат нивните разлики. Во мјузиклот се вклучени некои од најпопуларните музички хитови на Тоше, како „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Усни на усни“, „Игри без граници“ и други.

Scroll to Top